За три-четири години на просторот помеѓу сегашните хали на "Скопски саем" и хотелот Континентал во Скопје, ќе никне комплексот "Ера Сити" кој, според Групацијата Ера, ќе биде "град во град" и најмодерен центар на Балканот. Овој грандиозен проект чија вредност се проценува на 130 милиони евра заеднички ќе го "трчаат", "Скопски саем" и меѓународната групација "ТриГранит". Договорот за соработка двете компании го потпишаа на 11-ти овој месец. Се договоривме заеднички да го реализираме проектот. Во изминатите години поради кризата проектот беше забавен, но ние вложивме 8,5 милиони евра во инфраструктура која претставува подготовка за полесна реализација на проектот, рече претседателот на Управата на групацијата ЕРА Гвидо Омладич, дополнувајќи дека очекува проектот да биде поддржан од банки и фондови.
За три-четири години на просторот помеѓу сегашните хали на "Скопски саем" и хотелот Континентал во Скопје, ќе никне комплексот "Ера Сити" кој, според Групацијата Ера, ќе биде "град во град" и најмодерен центар на Балканот.
Овој грандиозен проект чија вредност се проценува на 130 милиони евра заеднички ќе го "трчаат", "Скопски саем" и меѓународната групација "ТриГранит". Договорот за соработка двете компании го потпишаа на 11-ти овој месец.
- Се договоривме заеднички да го реализираме проектот. Во изминатите години поради кризата проектот беше забавен, но ние вложивме 8,5 милиони евра во инфраструктура која претставува подготовка за полесна реализација на проектот - рече претседателот на Управата на групацијата ЕРА Гвидо Омладич, дополнувајќи дека очекува проектот да биде поддржан од банки и фондови.
Според Омладич, главниот мотив да се реализира овој проект е да се дадат сите потребни содржини на она што досега се реализира на "Скопски саем", а тоа се над 200 случувања во годината.
Извршниот директор на "ТриГранит", Арпад Торок, нагласи дека можат да го пренесат искуството во градењето што го имаат во реализацијата на проекти во 10 земји во вредност од 2,5 милијарди евра, а од неодамна го развија и проектот "Арена Центар" кој е најголем трговско-забавен центар во Загреб и "Арена Загреб" како повеќенаменска спортска арена.
- За нас ова е предизвик бидејќи прв пат станува збор за проект каде може да го пренесеме нашето искуство и знаење од другите земји каде сме активни и на граѓаните да им понудиме нешто големо и единствено во кое ќе бидат инкорпорирани најмодерни технологии - изјави Торок.
"Ера Сити" ќе биде еден од најголемите комплекси во Југоисточна Европа. Ќе содржи деловен центар, шопинг-центар, деловни објекти, хотел, катна гаража, забавен центар и се што е потребно за еден ваков комплекс. Покрај реализацијата на новиот проект корпорацијата "ТриГранит" ќе биде вклучена во реализација на настаните на "Скопски саем" и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала.
"Три Гранит" е едно од најголемите претпријатија што се занимава со развој на недвижности во Европа, како и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти за повеќенаменска цел, како и со многуте инвестиции во јавно-приватно партнерство.